Интер ја продолжи победничката низа во најсилното фудбалско првенство во Италија откако го совлада Лацио со 1:0.

Голот на Д`Амбросио беше доволен за победа на лидерот на табелата по пет кола.

Калјари успеа да го победи Наполи на гостински терен со 1:0 со голот на Кастро во 88 минита. Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас не доби шанса на оваа средба.

На останатите натпревари: Фиорентина ја победи Сампдорија со 2:1, Џенова и Болоња ремизираа без голови, Пандев остана на клупата. Парма го победи Сасуоло со 1:0 а Лече беше подобар од Спал со 3:1.