Милан и Интер ги презентираа  идеите за новиот стадион со 60.000 места и објаснија зошто Џузепе Меанца треба да оди во минатото.

Извршниот директор на Интер, Алесандро Антонели и претседателот на Милан, Паоло Скарони, ги испратија идеите пред насобраната толпа на прес-конференција.

„Џузепе Меанца,  повеќе не одговара за два големи клуба со амбиција да имаат главна улога на европската сцена. Тоа е факт, само погледенете ги стадионите ширум Европа. За овој стадион имаме убави спомени, но мораме да ја подржиме идејата да се направи трансформација на овој дел од градот. Инвестицијата би вредела 1,2 милијари евра, а капацитеот на стадионот ќе биде 60.000 места. Покрај стадионот ќе има голем комплекс со зеленија во кои же може да уживаат граѓаните на Милано“-рече Скарони.

Новиот стадион ќе има 60% помало акустично влијание врз градот, бидејќи тој ќе биде затворен во споредба со отворената структура што ја има сега.