Интер ја совлада Славија во Прага со 3-1 и остана во игра за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, со победа над Барселона во последното коло ќе обезбеди настап во следната фаза на елитното натпреварување.

Еден од најтрофејните клубови во Италија сезонава има неверојатен тандев, Лукаку-Лаутаро, сега веќе со скратенка ЛА-ЛУ кој едноставно растура во Серија А и Лигата на шампионите.

Белгиецот Лукаку по доаѓањето во Интер релиси на секој натпревар се запишува во чостата на стрелците. Против Славија Прага во победата на Интер учествуваше со еден гол, тоа е негов  вкупно 11. во сите натпреварувања во сино-црниот дрес.

Лаутаро Мартинез блеска сезонава кај Интер, два пати се запиша во листата на стрелците против Славија, тој има 11 голови реализирано во сите натпреварувања.

ЛА-ЛУ заедно имаат 22 гола во дресот на Интер кој сега има неверојатен тандем сезонава, Конте сега е помирен, има двајца играчи кои се машина за голови, Јувентус нека му ја мисли во одбрана на титулата во калчото, Барселона нека с еподготви за пекол во Милано во Лигата на шампионите.