Фудбалерите на Интер ја победија Болоња со 6: 1 во натпреварот од 4.коло од Италијанската Серија А.

Веќе во 6 -та минута, Нероазурите поведоа преку Лаутаро Мартинез, а на повидок беше тешко попладне за избраниците на Синиша Михајловиќ.

Во 29. минута следуваше принудна промена, бидејќи Кореја се повреди и наместо него во игра влезе Един Џеко.

Само една минута подоцна, Милан Шкрињар зголеми на 2: 0, а во 34. минута Николо Барела ја затресе мрежата на Болоња, па на семафорот пишуваше 3:0 за домашниот тим.

Интер продолжи да ја гази Болоња ша , Весино постави високи 4-0 во 54. минута, а стрелец на следните два гола беше Един Џеко, а за конечните 6: 1, се погрижи Теат, кој постигна почесен гол за Болоња.