Антонио Конте може да биде задоволен од целокупниот пристап, играта но и од победата кај Сампдорија од 3:1 а критиките да ги насочи кон летното засилување Алексис Санчез.

Гостите одлиучно го започнаа дуелот на „Луиџи Ферарис“, поведоа преку Сенси во 20 минута, две минути подоцна ова плејмејкерот му асистираше на на Алексис Санчез за деби гол во дресот на Интер.

 

На стартот од второто полувреме, Санчез заработи втор жол картон поради симулација а Самдорија намали на 2:1 во 55 минута преку Јанкто.

Во игра влегоа Димарко и Лукалу за во 61 минута, Гаљардини да постигне трет гол за Интер за конечна победа од 3:1.

По ова екипата предводена од Конте се врати на врвот на табелата во Серија А со 18 бода по шест натпревари задржувајќи ја предноста од два бода во однос на второ пласираниот Јувентус кој денеска славеше на домашен терен против Спал со 2:0.