На „Дербито на Италија“  се игра атрактивно, два гола по само 18 минути игра,  резултатот е нерешен, 1-1 на „Џузепе Меаца“.

Дибала искористи контра на Јувентус, шутираше низ нозете на Шкрињар и го совлада Хандановиќ за водство на „старата дама“ по само 4 минути игра.

Интер израмни од пенал, Де Лигт играше со рака, Роки досуди пенал, Лутаро Мартинез шутира неодбранливо за 1-1 по 18 минути игра.