Интер со 2-0 ја совлада Специја, натпревар од 15 коло, Рома загуби од Болоња на гости со 1-0.

Гаљардини со гол во 36 минута по прекрасната акција го доведе Интер во водство, победата ја потврди Лаутаро Мартинез со погодок од пенал во 58 минута.

Рома е шокирана од Болоња, загуби на гости со 1-0, решавачки беше голот на Сванберг во 35 минута.