Интер и Јувентус освоија по бод на „Дерби Д’Италија“, домашните испуштија два бода во финишот откако Дамфрис направи непромислен потег за подарок пенал на „старата дама“.

Џеко го доведе Интер во водство во 17 минита, претходно Чалханоглу шутираше извонредно а напаѓачот на Интер се најде на вистиснко место и погоди за предност 1-0.

Интер имаше шанси, но и Јувентус напади кон голот на Хандановиќ, а гостите од Торино стигнаа до израмнување по непотребниот потег на Дамфрис на линијата од шеснаесетникот, во 89 минута по асистенција на ВАР, судијата Мариоани досуди пенал за „старата дама“.

Реализираше Дибала  за конечни 1-1, овој подарок од Интер Јувентус го прифати со „две раце“. Тренерот на Интер Симоне Инзаги жестоко реагираше, и доби црвен картон.

Интер е на третата позиција со 18 бода, Јувентус по дербито сега има 15-сет на шестата позиција, прв е Наполи со 25 бода.