Италијанскиот фудбалски клуб Интер по двата порази од Манчестер јунајтед и од Јувентус денеска ја запиша првата победа во претсезоната и тоа против ПСЖ на натпревар што се одигра во Макао.

Момците на Антонио Конте го совладаа францускиот шампион на пенали, откако резултатот по 90 минути игра беше 1-1.

ПСЖ поведе со 1-0 со голот на Тимо Керер, а „нераѕурите“ израмнија во судиското продолжение на натпреварот преку Самуеле Лонго.

Во пенал-рулетот Интер беше подобар со 6-5.