Интер имаше импресивен старт во новата сезона со убедлива победа над  Лече со 4-0, најави дека Јувентус ќе има сериозни проблеми да ја одбрани титулата.

Антонио Конте дебитираше со победа кај Интер против клубот со кој дебитираше како играч во калчо лигата.

Марсело Брозовиќ и Стефано Сенси во 21 и 24 минута му донесоа предност на Интер по првиот дел од 2-0.

Белгиецот Лукаку во дебитантскиот настап зголеми на 3-0 во 60 минута од средбата, конечните 4-0 ги постави Кандрева во 84 минута.