Интер е еден од најактивните клубови на социјалните мрежи, често се навраќа во минатото и одбележува моменти со видео стории за своите поранешни играчи, сега му посвети внимание на Горан Пандев.

Телевизискиот гигант од Италија, ТВ ДАЗН, објавува документарци на големи фудбалски ѕвезди, последната е за Горан Пандев, неговите почетоци во Интер, враќањето во клубот, титулата во Лигата на шампионите, голот од слободен удар против Милан…