Со победата од 0:2 на гостувањето кај Кротоне, Интер е на чекор до Скудетото. Имаат дури 14 бода од Аталанта, која доколку не слави ова коло, ќе го круниса Интер во шампион по цели 11 години.

Првото полувреме мина мирно без голови, кои пак ги имаше во второто полувреме, Интер поведе 0:1 со голот на Кристијан Ериксен во 69-тата минута.

Конечните 0:2 ги постави Ашраф Хакими во 93-тата минута.

Со оваа победа Интер има 82 бода на првата позиција и доколку Аталанта уште не победи на гости кај Сасуоло ќе биде шампион на четири кола до крајот.

Standings provided by SofaScore LiveScore