Интер  го победи  Тотенхем на пенали  во Лондон во рамки на Интернационалниот куп на шампионите. Во регулраните 90 минути немаше победник , резултатот гласеше 1-1. Тотенхем поведе по само 3 минути игра преку Лукас Моура.

Интер израмни со голот на Стефано Сенси во 36 минута од првото полувреме. Се покажа дека тоа ќе биде конечен резултат на мечот по 90 минути игра.

Во пенал серијата поуспешна беше екипата на Интер која со 4-3 запиша победа, Скип промаши, Жоао Марио погоди за триумф на тимот од Милано.