Интер се одалечи уште повеќе од нокаут рундата во Лигата на шампионите по поразот во Милано од Реал Мадрид со 0-2.

Реал Мадрид до победата дојде со головите на Еден Азар и Родриго кои го матираа тимот од Милано. Во оваа група Менхенгладбах го победи Шахтјор со 4-0, на табелата води екипата од Германија со 8 бода пред Реал со 7, следуваат Шахтјор со 4 и Интер со само 2 бода.