Интер успеа да стигне до првата победа сезонава во Лигата на шампионите, подобри беа од Шериф Тираспол на домашен терен.

Водство донесе Един Џеко со еврогол по асистенција на Артуро Видал во 34-тата минута. А падна и уште еден еврогол, сега во мрежата на Интер. За израмнување во 52-та минута стрелашѓе Себастијан Тил.

Сепак победата на Интер му ја донесоа Видал со гол во 58-та минута и Стефан Де Фрај со гол во 67-та.

Реал Мадрид пак го декласираше Шахтјор на гостински терен, со резултат 0:5. Првото полувреме мина релативно мирно, а Кралевите поведоа во 37-та со автоголот на Сергеј Кривцов.

Реал како да се опушти во второто полувреме, па ја торпедираше мрежата на Украинците. Прво прецизен беше Винисиус Жуниор во 51-та минута, истиот играч стрелаше и пет минути подоцна. Во 65-тата по асистенција на Винисиус прецизен беше Родриго, а конечните 0:5 ги постави Карим Бензема во 91-та минута.

По три кола Шериф и Реал Мадрид се на врвот со шест бода, Интер има четири, додека Шахтјор има само еден.