Интер успеа да стигне до важни три бода откако победи против Фиорентина со престврт со конечни 1:3.

На полувремето водеше тимот од Фиренца, откако поведоа со голот на Рикардо Сотил во 23-тата минута.

Сепак во второто полувреме Интер покажа моќ. Прво дојдоа до израмнување со голот на Матео Дармиан во 52-та минута, а водство донесе Един Џеко само три минути подоцна.

Конечните 1:3 ги постави Иван Перишиќ со гол во 87-та минута.

Со оваа победа, Интер на стартот на петтото коло е на врвот во Серија со 13 бода, но дали ќе останат таму, зависи од другите натпревари кои се играат ова коло.

Standings provided by SofaScore LiveScore