Интер ја зголеми разликата во однос на Милан на врвот на табелата во Серија А.

Тимот на Антонио Конте со головите на Лукаку (10 мин) и на Мартинез (67 мин) славеше против Сасуоло со 2:1 и дојде на плус 11 во однос на градскиот ривал.

Единствениот гол за гостите го постигна Траоре во 85 минута.

 

Андреа Пирло се спаси од отказ, откако Јувентус го совлада Наполи во заостанатиот натпревар од 3 коло со 2:1.

Роналдо го отвори резултатот во 13 минута, на 2:0 зголеми резервистот Дибала во 73 минута.

 

Елиф Елмас доби шанса во 76 минута на местото на Мертенс. По ова следуваше фаулот на Кјелини над Осимен, по што Инсиње ги постави конечните 2:1 од белата точка во 89 минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore