Интер и по официјалното освојување на Скудетото не престанува да игра атрактивен фудбал, денеска повторно победија, сега против Рома на домашен терен со 3:1.

Серијата голови во Милано ја отвори Марсело Брозовиќ по асистенција на Матео Дармијан во 11-тата минута.

За 2:0 стрелаше Матијас Весино во 20-тата минута, по асистенција на Ромелу Лукаку.

На 2:1 намали Хенрик Михтарјан во 31-та минута, по асистенција на Един Џеко.

Конечните 3:1 ги постави Ромелу Лукаку по асистенција на Ашраф Хакими во финишот на натпреварот.

Овој меч немаше никакво бодовно значење за Интер, тие веќе ја имаат обезбедено титулата во Калчото, а сега на две кола до крајот имаат 88 бодови. Рома пак сигурно останува без пласман во Лигата на Европа, а ќе се борат и за оној во Конференцискиот куп, бидејќи со 58 бода се на седмата позиција.

Standings provided by SofaScore LiveScore