Лаутаро Мартинез со хет-трик и донесе победа на Аргентина против Мексико а конечниот резултат е 4-0, погоди и Паредес за убедлива победа без примен гол.

Ова беше пријателски натпревар на кој блесна Мартинез со голови во 17, 22 и 39 минута. Натпреварот се одигра во Тексас, САД.

Аргентина на оваа средба играше без Лионел Меси кој сеуште не е подготвен за игра. Мексико нема победа над Аргентина 10 натпревари во низа, последен пат победи пред 15 години.