Суперинтересен дуел одигран утринава во НБА, Њу Орлеанс загуби од  Бруклин 129-134, блесна  Кајри Ирвинг со фантастична игра во последниот период.

Ирвинг мечот го заврши со 32 поени од нив дури половина(15) во последниот период.

Пол Џорџ го одведе ЛА Клиперс до победа против Портланд 112-113, мечот го заврши со 33 поени и 11 скока и беше најистакнат поединец кај Клиперси.

Резултати на останатите средби:

Њујорк -Шарлот 109-97, Атланта – Орландо 112-96 и Сакраменто – Минесота 120-134.