Фудбалерите на Реал Сосиедад го приредија второто големо изненадување во четвртфиналната рудна од Купот на Кралот откако го елиминираа Реал Мадрид со победата на „Сантијаго Бернабе“ од 4:3.

Резултатот го отвори позајмениот играч на „Кралевите“ во редовите на Реал Сосиедад, Мартин Одегард во 22 минута.

На следните два гола беа дело на Александер Исак во 54 и во 56 минута.

На 1:3 намали Марсело по асистенција на Диаз во 59 минута.

По ова Зидан направи две замени, во игра влегоа Родриго и Јовиќ на местата на Диаз и на Валверде.На 2:4 намали резервистот Родриго во 82 минута.

Конечните 3:4 беа дело на Начо во 93 минута за ублажување на поразот- елиминацијата од Купот на Шпанија.

Пласман во полуфиналето од Купот на Кралот од предходно обезбедија Мирандес и Гранада.