Интересен момент „уловија“ телевизиските камери за време на саботното Ел Класико, кое Реал Мадрид го доби со 3-1, додека Иско се жали на клупата за резерви за односот кон него на тренерот Зинедин Зидан.

Кога Зидан ме вади од теренот тоа секогаш е околу 50 или 60 минута, а понекогаш дури и на полувреме. Но, кога сум резерва ме внесува во игра дури и во 80 минута. Тоа не го разбирам“, го сподели своето разочарување Иско на клупата за резерви кон Лука Модриќ и Марсело.

Иско не се појави на теренот на „Камп Ноу“ и од клупата за резерви го проследи големото дерби.