Горан Пандев од вечерва е во друштво на најдобрите во историјата на Серија А, во друшство на Тоти, Дел Пјеро, Батистута.

Ова откако капитенот на Македонија постигна два гола во ремито на Џенова со Беневенто од 2:2 и дојде до 100 гол во кариерата во Серија А.

Лидерот Интер не успеа да ја оправда фаворитската улога кај Специја откако ремизираше 1:1 во натпревар на кој домаќинот поведе преку Фариас, а Перишиќ му донесе бод на тимот на Конте.

Јувентус со пресвт славеше на домашен терен против Парма. Алекс Сандро постигна два гола за „Старата Дама“ конечните 3:1 беа дело на Де Лихт во 68 минута.

Волоња и Торино ремизираа 1:1, Сампдорија славеше кај Кротоне со 1:0 а Удинезе и Илија Несторовски загубија на домашен терен од Каљари со 1:0. Несторовски доби 30 минути во второто полувреме.

Standings provided by SofaScore LiveScore