Интер во неделата загуби од Јувентус на „Џузепе Меаца“ со 1-2, екипата од Торино доминираше и заслужено победи, сепак еден момент од мечот предизвика големо внимание.

Многумина сметаат дека на повидок е нов „Калчополи“, камерите уловија интересен момент, поздравот меѓу дефанзивецот Бонучи и судијата Роки на мечот со Интер.

Овој момент предизвика многу коментари на социјалните мрежи, други сметаат дека е чиста случајност, некои одат дотаму што сметаат дека е ова доказ за нов „Калчополи“.