Италија која е домаќин на Европското првенство за играчи до 21 година, со победа го започна завршниот континетален турнир , ја совлада Шпанија со 3-1 .

Себаљос ја доведе Шпанија во водство, Италија направи пресврт со головите на Киеза кој два пати погоди , еден гол постигна Пелегрини за победа изразена со два гола разлика.

На отворањето на овој шампионат Полска  со 3-2  славеше над селекцијата на Белгија .