Италија ја победи Ерменија со 9:1 во последното коло од квалификациите за ЕУРО 2020 во групата Ј. Десет победи по десет кола, постигнати 37 гола а примени четири со освоени максимални 30 бодови.

За Италија головите ги постигнаа : Имовиле (8 и 33мин), Барела (29 мин), Заниоло (9 и 64 мин), Ромањоли (72 мин), Жоржињо (пенал 75 мин), Орсолини (78 мин) и Киеза (81 мин). Единствениот гол за Ерменија беше дело на Бабајан во 79 минута.

 

 

Со ова Манчини и Италија испишаа нова историја во репрезентативниот фудбал во Европа. Срушени се девет рекорди меѓу кои и оној од 1939 година на Позо и 10 победи во континуитет со ист селектор.