Јувентус конечно почна да покажува класа, оствари победа со 3:0 над Специја.

Првото полувреме мина мирно и без голови, резултатот на крајот гласеше 0:0

Фуриозно второ полувреме одигра Јувентус во Торино, односно сите три гола ги постигна во вторите 45 минути.

Со гол во 62-та минута, резултатот го отвори Алваро Мората, на 2:0 во 71-та минута зголеми Федерико Киеза, а конечните 3:0 ги постави Кристијано Роналдо во 89-та минута.

Јувентус се наоѓа на третата позиција со 49 бода, односно 7 помалку од лидерот Интер и 3 помалку од вториот Милан.

Standings provided by SofaScore LiveScore