Новак Ѓоковиќ отпатува во Дубаи, каде од понеделник ќе биде дел од АТП турнирот. Заедно со него отпатуваа и неговите тренери Горан Иванишевиќ и Маријан Вајда.

За време на летот се случи забавен момент кој ја покажува блискоста што владее во тимот на Ѓоковиќ.

Имено, додека Иванишевиќ спиеше во авионот, Ѓоковиќ направи се за да му го расипе сонот.

„Не знам за вас момци, но ова јас го викам мобинг. Што мислите? Заслужува ли Ноле добра одмазда? Сите ваши совети се добредојдени“, порача Хрватот.