Австрија поведе по само 7 минути на „Ернст Хапел“ во дуелот со Македонија во 9 коло од евроквалификациите.

Лаинер испрати прецизно додавање во простор за фудбалерот на Баерн Минхен кој успеа да го избегне излетувањето на Димитириевски и да и донесе предност на неговата земја.

Во меѓувреме Игор Ангеловски мораше да менува, по само 13 минути поради повреда повлечен беше од игра Александар Трајковски а на негово место влезе Влатко Стојановски кој дебитира во сениорскиот дрес на Македонија.