Поранешниот фудбалски репрезентативец Адис Јаховиќ постигна гол првенец во својот нов клуб Малатијаспор во натпревар против Олимпија Љубљана во рамките на второто квалификациско коло од Лига Европа.

Иако Јаховиќ постигна гол во 66. минута од пенал против Олимпија од Љубљана, сепак тоа не беше доволно за победа на турската екипа на првиот натпревар кој заврши ефикасно без победник 2:2.