Адис Јаховиќ, поранешниот  македонски репрезентативец кој моментално настапува во Турција денес постигна нов погодок ,и тоа против поранешниот негов клуб Анталијаспор.

За Јаховиќ ова беше вкупно шести погодок во последните десет меча , што уште еднаш укажува на фактот дека поранешниот репрезентативец игра во сјајна форма и можеби е време да се закопаат воените секири, и тој повторно да добие повик во националниот тим.