Јанис Адетокумбо запиша трипл-дабл и му донесе победа на Милвоки против Портланд со 137-129 во еден од најитересните натпревари одиграни утринава во НБА.

Адетокумбо постигна  24 поени, 19 скока и 15 асистенции, беше лидер во својата екипа за нова победа сезонава.

Њу Орлеанс на гостински терен оствари победа против Феникс со 121-124. Најефикасен кај победничката екипа,  Инграм со 28 поени, Редик и Холидај учествуваа во победата со по 26 поени.