Избраниците на Дејвид Мојс се пласираа во осминафиналето од ФА Купот на Англија откако го елиминираа Донкастер со 4:0.

Меѓу стрелците за „Чеканите“ се запиша и Јармоленко кој постигна гол по пауза од четири месеци.

Во осминафиналето пласман обезбедија и Барнсли, Брајтон, Бристол Сити, Шефилд Јунајтед и Свонси.