Фудбалската репрезентација на Црна Гора славеше на домашен терен со 2:0 против Азербејџан во 3 коло од Ц Лигата во Лигата на нации и со ова го задржи првото место на белата и воедно да го задржи максимлниот учинок во новата сезона.

Јоветиќ во 9 минута го отвори резултатот а конечните 2:0 беа дело на Ивановиќ кој влезе во 71 минута и во истата минута успеа да го совлада противничкит голман.

Во оваа Лига Ц, Луксембург славеше над Кипар со 2:0 и остана на второто место со три бода помалку од лидерот Црна Гора.