Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ одново е дел од скандал поради кој најверојатно ќе добие нова казна од Зидан.

Откако се повреди поради неговата несмасност и падна од височина директно на ногата па доби продолжен одмор, Јовиќ реши слободното време да го исполни со забава во својот дом заедно со неговите пријатели правејќи сакара.

Ова секако нема да му се допадне на Зидан кој до неодамна беше решен да му даде уште една шанса на репрезентативецот на Србија кој не успеа да се наметне во составот на Реал Мадрид по трасферот од Германија минатото лето.