Фудбалерите на Мајнц го приредија наголемото изненадување денеска во Бундес лигата  во 18 коло откако славеа против Лајпциг на домашен терен со 3:2 со пресврт.

Сите голови беа постигнати до 50 минута кога Бареира реализираше за победа на домаќинот.

Лука Јовиќ повторно постигна гол за Франкфурт откако влезе од клупата за резерви во победата над Арминија од 5:1.

Волфзбург славеше на гостувањето кај Баер Леверкузен со 1:0 со голот на Баку од 35 минута. Аугзбруг го совлада Унион Берлин со 2:1.