Барселона направи уште еден чекот назад во битката за титулата во Ла Лига откако ремизираше против Атлетико Мадрид на „Камп Ноу“ 2:2 во 33 коло.

Со ова „Каталонците“ им дадоа нова шанса на Реал Мадрид да дојдат до плус четири бода ако во четврток го совладаат Гетафе.

Барселона брзо дојде до водство со автоголот на Диего Коста во 11 минута.

На 1:1 израмни Саул од пенал во 19 минута.

Во петата минута од второто полувреме, Лионел Меси со паненка од пенал го постигна 700 гол во кариерата и и донесе водство на Барселона од 2:1.

Радоста кај домаќините не траеше предолго, следуваше нов пенал за Атлетико Мадрид, го реализираше Саул во 62 минута.

По ова реми Барселона остана на второто место додека Атлетико Мадрид пак е трет со два бода пред Севиља која денеска го совлада Леганес со 3:0.

Standings provided by SofaScore LiveScore