Манчестер Јунајтед славеше на гостувањето кај Гранада со 2:0 во воедната пресметка од четвртфиналната рунда во Лига Европа.

Рашфорд му донесе водство на гостинот од Англија во 31 минута по одличната асистенција од Линделоф.

Конечните 2:0 ги постави Бруно Фернандес од пенал во 90 минута. Јунајтед на реваншот ќе биде без Мегваер и Лук Шо поради акомулирани жолти картони.

Арсенал не успеа да ја оправда фаворитската улога против Славаија прага откако одигра 1:1 на „Емирати“ во Лондон.

„Топџиите“ дојдоа до предност со голот на резервистот Пепе по додавањето од Обамејанг во 86 минута.

Конечните 1:1 беа дело на Холеш во четвртата минута од судиското продолжение.

Реваншите во Манчестер и во Прага ќе се играат на 15 април.