Манчестер Јунајтед го  демолира Челзи во дербито на првото коло во Премиерлигата, запиша победа со 4-0.

Рашворд со два гола, еден од игра  и еден од пенал и по еден на Марсијал Џејмс му донесоа убедлива победа на Јунајтед кој со стил ја започна новата сезона.

Солскјер го надмудри Лампард сега како тренери, двете легенди на Јунајтед  и Челзи и како играчи имаа многу дуели во минатото.