Манчестер Јунајтед се пласираше во осминафиналето од Лига Купот, но не како што планираше Солскјер.

Фаворитот истрча со силен тим предводен од опоравениот Погба но имаше сериозни проблеми со растрчаниот третолигаш на „Олд Трафорд“.

Мејсон Гринвуд им донесе радост на домаќините во 68 минута откако Лингард забележа дека младиот 17 годишен напаѓач е во позиција за гол.

Осум минути подоцна на сцена стапи неверојатниот лев бек на Рочдејл, 16 годишниот Лук Матисон и го матираше Серхио Ромеро.

По регуларните 90 минути немаше победни (1:1) па победникот беше решен со изведувањето на пенали. Искуството на Јунајтед тука дојде до израз па фаворитот избегна срамна елиминација со 5:3.