Во рамки на „Меѓународниот Куп на Шампионите“ во Сингапур, Јунајтед го победи Интер со 1-0. Натпреварот беше интересен со многу шанси но заврши со само еден постигнат гол.

Младиот Гринвуд кој има само 17 години го постигна победничкиот гол за „ѓаволите“ во 76 минута од средбата. Јунајтед на 25 јули ќе игра со Тотенхем, еден претходно ќе се сретнат Интер  и Јувентус.