Со голот на Кинг, екипата на Борнмут го доби првиот дел на мечот со Јунајтед, средба од 11. коло во Премиерлигата.

Кинг погоди пред истекот на првото полувреме и по 45 минути игра домашниот тим има минимална предност. Борнмут нема победа на последните пет официјални меча но е на половина пат до прва победа по оваа негативна серија.