Манчестер Јунајтед го совлада на гости Њукасл со 4-1, клучни беа трите гола од 86 до 96 минута  од средбата.

Њукасл поведе со автоголот на Лук Шо уште по 120 секунди игра. Мегавер израмни на 1-1 во 23 минута.

Победата на Јунатед ја донесоа Фернандеш, Ван Бисака и Рашфорд  со голови од 86 до 96 минута.

За Манчестер Јунајтед ова беше втора победа сезонава и тимот на Солскјер  има шест бода, Њукасл по овој пораз и натаму има седум бода на табелата.