Манчестер Јунајтед го претрпи четвртиот пораз на последните шест натпревари на домашен терен, трет на домашен терен на последните пет меча откако загуби од Манчестер Сити со 2:0 во дербито на 11 коло во Премиер лигата.

„Граѓаните“ поведоа во 7 минута по автоголот на Ерик Баи.

На 2:0 за Сити зголеми Бернардо Силва во 45 минута.

Роналдо овојпат не можеше да го спасува Солскјер кој пак по првото полувреме го повлече Баи, се врати на формација со четворица дефанзивци, но тимот на Гвардиола и на ова имаше одличен одговор.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Во следното коло Јунајтед гостува кај Вотфорд а Сити го дочекува Евертон.