Швајцарски  Јанг Бојс изненадувачки славеше против Манчестер Јунајтед со 2: 1 на стартот од Лигата на шампионите.

Англискиот тим поведе  во 13. минута со голот на Кристијано Роналдо по феноменалната асистенција  на Бруно Фернандеш. Проблемите за Јунајтед започнаа во 35. минута со црвен картон од Ван-Бисака.

Јанг Бојс израмни во 66. минута со голот на Муми Нгамалеу, а за лудилото во Берн го постигна Јордан Зибетче во 95. минута по огромната грешка на Џеси Лингард.