Вотфорд дојде до втората победа на последните 22 натпревари во Премиер лигата откако успеа да го совлада Манчестер Јунајтед и да го приреди најголемото изненадување во 18 коло од елитата на Англија.

Давид Де Геа е главниот винивник за првиот гол на домаќинот кој беше дело на Сар во 50 минута.

По лошиот старт на Ван Бисака, Вотфорд доби шанса од белата точка, а пеналот го реализираше Дини во 54 минута

По ова во игра по подолго време влезе во игра Погба заедно со Мата и Гринвуд но и ова не беше доволно за Јунајтед да постигне гол против својот поранешен голман, Фостер.

Ова за Јунајтед е пети овосезонски пораз а за последно пласираниот Вотфорд само втора победа по која останаа на 20 место во Премиер лигата.