Фудбалерите на Јувентус и без Кристијано Роналдо ги освоија трите бода против Бреша откако славеа со 2:0 во 24 коло од Серија А и со ова се вратија на врвот на табелата (во исчекување на пресметката на Лацио и Интер).

Паоло Дибала реализираше прекрасно од слободен удар во 38 минута за 1:0, конечните 2:0 беа дело на Гвардадо во 75 минута.

„Старата Дама“ на овој натпревар остана без Пјаниќ кој влезе во игра во 66 минута, се повреди па беше заменет од Матуиди во 73 минута.

Фиорентина ја декласираше Сампдорија со 5:1 на гостувањето на „Луиџи Ферарис“, Киеза и Влаховиќ постигнаа по два гола.

 

Парма со голот на Жервињо славеше кај Сасуоло со 1:0. Со ова „Млекарите“ напредуваа на првенствената табелата и се искачија на седмото место.

До крајот на денот ќе играат Каљари и Наполи односно Лацио и Интер.