Актуелниот шампион на Италија, Јувентус одигра само 1-1 против аутсајдерот Лече. И двата погодоци беа постигнати во второто полувреме во интервал од 6 минути.

„Старата дама“ преку Дибала од пенал во 50 минута поведе со 0-1, но домаќините идентично со удар од белата точка во 56 минута израмнија со голот на Манкосу. На овој меч Маурисио Сари го поштеди својот најдобар фудбалер, Кристијано Роналдо кој не беше дел од тимот што отпатува за Лече.

Со овој бод Јувентус со 23 поени е на првата позиција, а шанса за да го симне од тоа место има Интер кој со евентуална победа над Парма ќе избие на лидерската позиција во Серија А.