Јувентус на гости кај Кротоне одигра само 1-1, без Роналдо во составот тимот на Андреа Пирло не ја оправда фаворитската улога.

„Старата дама“ беше стопирана од Кротоне, домашните поведоа со голот на Сими од пенал по 12 минути игра.

Јувентис израмни преку Мората девет минути подоцна. Гостите од Торино средбата ја завршија со играч помалку откако Киеза заработи црвен картон во 60 минута.

Роналдо не настапи на оваа средба, Португалецот е позитивен на Ковид-19 и е во изолација. Милан е перфектен со 4/4 во Серија А,  го победи Интер во градското дерби.