Најтрофејниот фудбалски клуб од Италија, Јувентус денеска и официјално го презентираше дресот за натпреварите на домашен терен за следната сезона.

„Домот е каде што сонот почнува. Засекогаш. Ви го презентираме новиот домашен дрес за сезоната 2021/2022 создаден од Адидас.“ – соопштија од Јувентус.